12 правила на животот, според Руми

Џелаледин Мевљана Руми е персиски поет, мистик и теолог. Неговите зборови се познати на многу љубители на убавиот збор насекаде во светот.

Ова се неговите 12 правила за љубовта.

1 – Како го доживуваме Бог е директен одраз на тоа како се доживуваме себеси. Доколку помислата за Бог во нас предизвикува страв и вина, тогаш од нас потекнуваат тие исти такви чувства. 

2 – Патот до вистината патува со срцето, а не со главата и разумот. Нашето срце треба да биде нашиот главен водич. Со срцето се соочуваме со своето его, го предизвикуваме и на крајот доколку успееме, го победуваме.

3 – Умот и љубовта се сочинети од различни материјали. Умот на луѓето врзува многу јазли и ништо не ризикува, а љубовта е таа која ризикува. Умот е секогаш внимателен и не уче да се плашиме, додека пак љубовта ни вели да скокнеме во ризик. Но, умот не се крши, додека пак љубовта лесно се крши во најситни парчиња. Но, во тие мали парченца е скриено богатството. 

4 – Најголем дел од проблемите на овој свет настануваат поради јазични грешки и недоразбирања. Никогаш не ги сфаќајте зборовите буквално. 

5 – Самотијата и осаменоста се две различни нешта. Кога сте осамени, лесно можете да се разочарате од многу нешта. Самотијата е подобра за нас, бидејќи тоа значи да се биде сам, но не и осамен. Затоа што на крајот на краиштата, најдобро е да се најде личност која нам ќе ни биде огледало. Запаметете, само во срцето на другата личност можете вистински да се видите себеси.

6 – Што и да ви се случи во животот, без оглед на тоа колку тешко и да ви  изгледа, сето тоа ќе помине.

7 – Трпеливоста не е пасивно патење. Таа претставува ситуација во која можете да видите доволно далеку, но и да имате доверба во крајниот исход. Што е трпеливоста? Тоа е да гледате трње, но да ги видите розите, да гледате ноќ, а да ја видите зората.

8 – Исток, запад, север и југ се разликуваат многу малку. Без оглед на тоа каде е вашето одредиште, најголемата ваша цел нека биде вашето внатрешно патување. Ако патувате во себе, ќе го пропатувате целиот свет.

9 – На овој свет има повеќе лажни учители отколку ѕвезди во универзумот. Вистинските учители од вас нема да очекуваат апсолутна послушност или потполно обожавање, туку ќе ви помогнат да ги цените и да им се восхитувате со вашата душа. Тие се прозирни како стакло. 

10 – Не плашете се од промените кои доаѓаат. Наместо тоа, дозволете животот да се живее преку нив. И, не плашете се ако понекогаш вашиот живот се менува од корен. Како можете да знаете дека таму кадешто сте сега е подобро од она што доаѓа?

11 – Доколку сакате да го промените начинот на кој другите се однесуваат кон вас, променете го начинот на кој се однесувате самите кон себеси. Доколку не научите да се сакате себеси искрено и потполно, нема начин да бидете сакани.

12 – Пеколот е тука и сега, но исто и рајот. Престанете да се грижите за пеколот или да сонувате за рајот, бидејќи ги имате во истиот момент. Секогаш кога сакаме некого, се издигнуваме во рајот. Секогаш кога мразиме, завидуваме или се расправаме, ние живееме во пекол.

cheap nike free run 5.0