10 корисни намирници кои го намалуваат опаѓањето на косата

Постои голем број производи на пазарот кои ветуваат зачувување на косата и зголемување на густината, спречуваат опаѓање или помагаат таа повторно да порасне. Но, дали сте знаеле дека природен лек за ретка или оштетена коса може да биде, едноставно, зголемено внесување на овие неколку намирници?

Проредување или опаѓање на косата може да биде предизвикано од неколку различни фактори. Една од причините е нанесување на тешки, синтетички производи за коса, како на пример боја, мини вал, шампони, балзами, гел исл. Но, голема улога играат и хормоните, особено кај мажите.

5 засилувачи на тестостеронот

Спанаќот е богат со цинк, чиј недостаток е една од главните причини за опаѓање на косата. Цинкот помага во одржување на здраво ниво на тестостерон во организмот, како и хормонот за раст и допринесува за здрави мускули.

Црниот грав е исто така голем извор на цинкот, заедно со витаминот Д. Доколку овие две хранливи состојки не се присутни во доволни количини, можат да допринесат за побрз губиток на коса. И двата се’ секако поврзани со производството на тестостерон.

Бадемите се богати со витаминот Е, калиумот, магнезиумот и калциумот. Овие витамини и минерали играат важна улога во производството на тестостерон. Аспарагус е исто така богат со витамин Е и калиум, но и со фолна киселина, која е неопходна за производство на полните хормони.

Лососот е богат со селен, минерал кој игра клучна улога во производството на тестостерон и хормоните на штитанта жлезда. Тироидната нерамнотежа е уште еден голем причинител на опаѓањето на косата.

Пет засилувачи на естрогенот

И кај мажите и кај жените, опаѓањето на косата може да биде предизвикано и од ниското ниво на естроген. Овој проблем може да се реши со консумирање на само неколку намирници, од кои сите се богати со „фитоестрогени“. Тоа се природни растителни соединенија кои го имитираат дејството на естрогенот во организмот.

Производите од соја се најпознатиот извор на фитоестрогени. За најдобро здравје, консумирајте природна (најдобро би било ферментирана) соја во форма на тофу, темпех, мисо, нато или соја сос. Лененото семе е исто така богато со фитоестрогени, како и Омега-3 киселини. Брокулите се особено популарна храна, богата со фитоестрогени познати како лигнани, кои исто така можат да се најдат во гравот, овошјето и зеленчукот.

Меѓутоа, фитоестрогените се исто така поврзани и со ефектите на ендокрини пореметувања во телото и можат да предизвикаат здравствени проблеми доколку се консумираат прекумерно. Доколку сте загрижени за нивото на естроген или тестостерон во вашето тело, обратете се кај вашиот лекар.

Покрај лигнанот, леблебиите се особено богати со изофлавоноиди, другото семејство на фитоестрогените. Тие се богати со растителни влакна и протеини, кои спречуваат нивото на естроген да не се искачи превисоко. Ваквиот начин на балансирање може да има голем удел во она што го спречува фитоестрогенот да има штетни ефекти на синтетички имитации на естрогенот.

Пченицата е исто така богата со лигнан и диететски влакна. Покрај што се здрава за срцето и корисни за квалитетно варење, растителните влакна се добри и за вашата коса. Тоа е затоа што „ЛДЛ“(лошиот) холестерол со тек на време може да ја оштети фоликулата на влакното, а исхраната богата со синтетички влакна го регулира нивото на холестерол во организмот. Сличен ефект имаат и овесот, р’жот и јачменот.

Хроничниот стрес знае исто така да биде многу опасен, не само што предизвикува ќелавост, туку и го зголемува ризикот од рак, дијабетес, срцеви заболувања, пад на имунитетот, ја намалува густината на коските и мускулната маса и ред други работи. Најважно е да научите како да се ослободите од него. Постојат низа техники за ослободување од стресот, преку вежби или косумирање на здрава храна.