Инспирација
10. Јануари 2017 - 14:53

10 инспиративни мисли за посреќна 2017 година

Во оваа 2017 година решив да бидам задоволна. Да изберам да го гледам светот, наместо да се жалам за се. Како потсетник да бидеме поблагодарни оваа година, ги предлагам овие неколку инспиративни мисли кои треба да ни бидат ѕвезда водилка низ годината на сите нас!

Ајде да ја направиме оваа година, годината кога ќе бидеме благодарни и задоволни!

1. „Не се плашете од совршенство. И онака никогаш нема да го достигнете.“ – Салвадор Дали
2.  „Секогаш можеме да избереме поинаку да ги гледаме работите. Можеме да се фокусираме на она што е погрешно во нашиот живот или на она што е правилно.“ – Мариен Вилијамсон
3. „Ништо не е невозможно, самиот свет вели: „Јас сум возможен.“ – Одри Хепберн
4. „Најважната слобода вклучува внимание, свесност и дисциплина и можноста навистина да се грижите за другите луѓе и да се жртвувате за нив одново и одново на најнесекси начин на светот. Тоа е вистинска слобода. Да се биде образован и да сфаќаш како да мислиш. Алтернативата на тоа е несвесноста, одење по линија на помал отпор, постојаното ужасно чувство дека си имал и си изгубил некаква бескрајна работа.“
5. „Нашиот најдлабок страв не е дека сме неадекватни. Нашиот најдлабок страв е дека сме моќни над секоја мерка. Нашата светлина, а не нашата темнина, е она што највеќе не плаши.“ – Мариен Вилијамсон
6. „Нека следнава година ти биде исполнета со магија и соништа и добро лудило. Се надевам дека ќе читаш добри книги и ќе бакнеш некој што мисли дека си прекрасна и не заборавај да создадеш некоја уметност – пишувај или цртај или изгради или пеј или живеј колку што можеш. И се надевам дека некаде таму во наредната година, ќе се изненадиш себеси.“ – Нил Гајман
7. „Оптимизмот е вербата која води кон постигнување. Ништо не може да биде направено без надеж и доверба.“ – Хелен Келер
8. „Променете ги вашите мисли и ќе си го промените вашиот свет.“ – Норман Винсент Пил
9. „Облаците доаѓаат лебдејќи во мојот живот, но повеќе не за да донесат дожд или бура, туку за да додадат боја во моето зајдисонце.“ – Рабиндранат Тагоре
10. „Мораш да се откажеш од животот кој си го планирал за да можеш да го имаш животот кој те чека.“ – Јозеф Кемпбел