Неофицијално: Починатата девојка во Штип е ќерка на жената која лани уби човек во Кавадарци

Сеуште нема официјални информации за обдукцијата на  26-годишната девојка од Кавадараци, чие тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква „Свети Никола“ во Штип. Таа таму престојувала како потстанар. 

СВР Штип работи на расчистување на случајот. Неофицијални информации говорат дека девојката дошла во Штип каде мајка ѝ издржувала затворска казна, а тоа е  всушност жената која лани уби човек во Кавадарци, а потоа го запали неговото тело.