Уапсен велешанец кој крадел струја и гас

Полицијата уапси велешанец кој се барал за затворска казна поради кражба на струја. 

- На 17.05.2024 во 16.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода лице Е.Р (44) од Велес. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а од Кривичниот законик, известија од полицијата. 

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.