[Видео] „За горда Македонија и поубав Аеродром“ - Муцунски со македонска химна го означи отворањето на новиот парк во Аеродром

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, со интонирање на македонската химна и подигнување на македонското знаме, вчера во Аеродром официјално беше пуштен во употреба новиот парк лоциран на булеварот „Февруарски поход“.

„За горда Македонија и поубав Аеродром“, напиша Муцунски на својот инстаграм профил и најави дека новиот парк ќе биде вистинска гордост на граѓаните на Аеродром. 

Работните активности опфатија целосно хортикултурно и партерно уредување, поставување на нова урбана опрема, како и јарбол со македонското знаме.