Скопјанец прегази 73-годишна жена на една скопска улица

Вчера во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(32) од Скопје удрило во пешакот Љ.В.(73) од Скопје.

Во несреќата Љ.В. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.