Празник во метрополата: Редуциран возен ред на ЈСП и бесплатен паркинг во Центар

Празничниот викенд ќе донесе редуциран возен ред на автобусите на ЈСП и бесплатно паркирање на паркинзите со кои стопанисува ПОЦ. 

Паркирањето во oпштина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 03.05.(петок), 05.05. (недела) и 06.05.2024 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар, извести ПОЦ.

Согласно програмата за неработни денови за 2024 година на Министерството за труд и социјална политика, 04.05.2024 година (сабота) е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 07.05.2024 година (вторник) со вообичаено работно време, се додава во соопштението на ПОЦ.

ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека за време на велигденските празници, односно од утре, петок до понеделник, јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.

Од претпријатието дообраснуваат дека исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои утре ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Утре и вo недела, од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.

Во сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе функционираат вообичаено, а вo недела за сите е неработен ден.

Жичницата за време на празничните денови нема да работи единствено во понеделник, другите денови ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

Од ЈСП информираат и дека за време на викенди и државни празници користењето на линијата 25 од Транспортен центар до Средно Водно е бесплатна за сите граѓани.