Малолетно девојче со велосипед прегазено во Прилеп

Малолетничка е тешко повредена откако била прегазена од „југо“ во Прилеп. 

- На 30.04.2024 во 09.20 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ во Прилеп патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(52) удрило во велосипед управуван од малолетничка, двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската болница Прилеп, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.