Пред нас е продолжен празничен викенд.
Утре е неработен ден е само за православните верници, се одбележува Велики петок.
Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ ги соопшти неработните денови за претстојните Велигднески празници.
- 3 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија
- 6 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници.