Полицијата го пронајде 5-годишното дете, кое претходно се оддалечило во паркот во Сарај

Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска, околу 18.15 часот во Сарај е пронајдено 5-годишно дете, за кое околу 16.20 часот во ПО Сарај од страна на М.Х. било пријавено дека се оддалечило во паркот Сарај.

- Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници на СВР Скопје преземени се мерки и активности за пронаоѓање и околу 18.15 часот детето е пронајдено, информираат од полицијата.