„Од лулка до гроб, да бидеш роб“ - Ампева со честитка до работниците за Први Мај

Политичарите денеска излегоа со честитки до работниците по повод Меѓународниот ден на трудот. 

Со честика се јави и една од најголемите активистки за заштита на работничките права во земјава, Кристина Ампева. Праша: „Среќен ли е Први мај?“. 

- Да сте живи и здрави работници и работнички! Вашиот труд ја прави оваа држава, држава! Од вас зависи економијата, од вас зависат фабриките, работодавачите, капиталот! Бидете здружени, солидарни, покажете храброст и волја да смените нешто на подобро! Нека е честит денот на трудот! - порача таа на својот фејсбук профил и сподели стихови од Кочо Рацин. 

"До еден работник

Да бидеш човек, да имаш топла крв,

да мислиш со глава и да работиш со рака

и па да бидеш нешто мртво.

През цел свој живот и ден и ноќ

да се трудиш и мачиш

и па да бидеш гладен и страден.

Работник - патник:

да немаш ништо, да страдаш за сичко -

а ти и твоите браќа да праите се!

Палати да праиш

да живееш у изба -

од лулка до гроб

да бидеш роб.

Од вашата мака

да живеат друзи!

О, братко! Плукни на таков живот!

Со браќата твои, со маката ваша,

сронете го овој свет

и нов направете -

братски!

Кочо Рацин"