ЈСП денеска со празничен возен ред, паркингот во Центар ќе биде бесплатен

Од ЈСП Скопје информираат дека дека денеска, среда, поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Жичницата ќе работи два часа подолго, а дежурни ќе бидат две билетарници.

Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците: на Транспортен центар и во Ѓорче Петров. 

Од денеска, Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, додека во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу. Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичницата во период мај – септември. 

- По повод претстојниот државен празник „Ден на трудот“, од „Паркинзи на општина Центар“ известуваат дека денеска (среда) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 02.05.2024 година (четврток) со вообичаено работно време.