Делови од Ѓорче утре цел ден без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре (четврток), без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во населените места: Волково и Кучково (општина Ѓорче Петров).

Прекинот ќе биде во периодот од 07:00 до 16:00 часот.