„Бидете џентлмен“ - ѝ порача Пендаровски на Гордана и стана хит на социјалните мрежи (видео)

Двајцата кандидати за претседател на државата, Стево Пендаровски и професорката Гордана Сијановска Давкова, вчера се соочија во телевизиски дуел на ТВ 21, во пресрет на вториот круг од изборите кој ќе се одржи следната среда. 

Кратката реплика на Пендаровски, од вчера, е хит на социјалните мрежи. 

Имено, тој на соговорничката и противкандидатка ѝ порача да биде „џентлмен“.