
Заврши рокот за пријавување на конкурсот за претседател, потпретседател и петмина членови на Државната изборна комисија (ДИК). Пристигнати се пријавите на вкупно 15 кандидати, а специфично е тоа што една личност може да се пријави за само една, но и за сите три функции.
Покрај „старите“ добро познати имиња - поранешните претседатели и членови на ДИК, Александар Даштевски и Борис Кондарко, меѓу пријавените се најдоа и имињата на поранешниот министер и вицепремиер Бојан Маричиќ, како и поранешната заменичка на министерот за правда, Викторија Мадиќ-Аврамовска, пишува телевизијата „24“, која го објави целиот список на пријавени кандидати за функциите.
Ова е списокот на кандидати за ДИК кој што го објави телевизија „24“:
1. Бојан Маричиќ (дипломиран правник од Скопје) – пријава за претседател или член;
2. Александар Даштевски (дипломиран правник од Скопје) – пријава за член;
3. Ангелчо Ристов (магистар по право, од Делчево) – пријава за член;
4. Викторија Аврамовска Мадиќ - (магистар по правни науки од Скопје) пријава за член и потпретседател;
5. Фезу Џафери (дипломиран правник од Чајле кај Гостивар) – пријава за претсетател, потпретседател и член;
6. Светлана Карапетрова (магистар по економија-финансии, сметководство и ревизија од Тетово) – пријава за член;
7. Борис Кондарко (дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје) – пријава за член;
8. Марија Митановска Димовска (дипломиран правник од Скопје) – пријава за член;
9. Дитмире Шеху (дипломирана правничка од Гостивар) – пријава за член;
10. Даниела Маркоска (дипломиран правник од Скопје) – пријава за претседател;
11. Елита Шуки (дипломиран правник со положен правосуден и нотарски испит од Скопје);
12. Добре Јанчев (дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје) – пријава за претседател и член;
13. Бети Ѓорѓиеска (дипломиран инженер по електротехника од Скопје);
14. Ивана Костадиноска (дипломиран правник од Скопје) пријава за член;
15. Благоја Гешоски (доктор на дефектолошки науки од Прилеп).