Зошто возачите прават прекршоци, иако сите ги знаат правилата?

Константноста на трицифрен број на казнети возачи во Скопје веќе подолго време се задржува, а МВР константно излегува со апели за внимателно возење, почитувајќи ги правилата и прописите. 

Така, и вчерашната засилена акција на Министерството за внатрешни работи на територијата на град Скопје санкционира вкупно 187 возачи, од кои за возење со повеќе од дозволената брзина изрече 69 санкции.

Како што соопшти МВР, изречени се и девет мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, пет мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Па, нејасно е зошто учесниците во сообраќајот ја загрозуваат свесно безбедноста на другите и како целосно да се раши овој проблем.