Зошто воопшто се грижиш?

Знаеш ли што е најдобро? Кога не се грижиш за ништо.

Кога ќе престанеш да се грижиш за туѓите мислења за тоа каков треба да бидеш, како треба да се однесуваш, зборуваш и изгледаш. 

Најубаво е кога живееш за себе и кога си она што си, а ги оставаш другите да зборуваат што сакаат.

Најубаво е кога не се грижиш, тогаш нивните отровни стрели престануваат да се забиваат во тебе и знаеш кадесе враќаат? Кај оние што ги испратиле, затоа што ти не си го прифатил тоа. Кажи им: „Ви благодарам многу, ама мене не ми е потребен таков подарок.“

Од тебе зависи за што ќе се грижиш и на што ќе посветиш внимание.

Никогаш нема да можеш сите да ги направиш среќни. А на крајот на краиштата, зарем би требало воопшто да се обидуваш?