Зошто во Македонија се вози како на формула 1? Казнети 801 возач

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден, во спроведена засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија, за санкционирање на возила за брзо возење, биле санкционирани 801 возач.

-Од нив 69 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 494 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 307 надвор од населено место, информираат од МВР.

Засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.