Зошто Вардар е толку посебен?

Ден по финалето во Лигата на шампионите во фудбал, спорт во кој играчите заработуваат неверојатно многу пари, љубителите на спортот имаа прилика да видат како изгледа борба за европска титула во спорот во кој навистина се игра со срце. На ракометниот престол на Европа од неделата седи Вардар, екипа во која со месеци играчите не примаат плата.

Откако рускиот милионер Сергеј Самсоненко во арпил најави повлекување од ракометниот клуб Вардар поради финансиски проблем, јавноста на македонскиот тим му претскажа пропаст.

Костурот на екипата веќе потпиша договори со други клубови и од наредната сезона веќе нема да биде истоиот Вардар. Меѓутоа, непријатната ситуација инспирираше спој меѓу Балканците и Русите во играчкиот состав и темпераметниот Шпанец на чело на екипата им покажаа дека прерано светот ги отпиша. Не дозволија тешкотиите кои ги имаа да се почувстуваат на терен.

Вардар оваа сезона ја освои тутлата во домашното првенство, регионалната СЕХА лига и на крај титулата европски клупски првак. Единствен кикс беше Купот на Македонија, кој го освои Металург по изведувањето пенали.

Инаетот и цврстиот карактер кои ја красеа екипата во текот на целата сезона дојдоа до точка на вриење во полуфиналето со Барселона. Шпанскиот тим водеше со седум разлика на полувремето и 15 минути пред крај се чинеше дека Барса по десетти пат ќе се пласира во финалето на ЛШ. Тогаш ги удри македонскиот „брз воз“, чиј машиновозач, Данис Криштопанс, постигна 10 гола, од кои четири во минутите кога Вардар го стигнуваше недостижното. Српскиот репрезентативец Дејан Милосабљев забележа 15 интервенции и покажа поради што е прогласен за најдбар голман на ЛШ.

Мечот со Веспрем беше достоен на вистинско финале, полн со неизвесности и добри потези. Вардар на полувреме водеше 16-11, а потоа во вториот дел Унгарците намалија на 17-16. Налетот на противниците ги наведе избраниците на Парадон да ја консолидираат својата игра  и да ја одржат предноста до крајот на мечот.

Ова е една прекрасна приказна за триумфот на спортот над парите која доби среќен крај. Истајноста на овие момчиња треба да биде пример за сите, а на само за спортитите. Не се откажувајте кога е најтешко! Поради тоа ги оставија најбогатитте тимови на денешницата зад себе, пишува во кометарот Радио телевизија Србија.