Зошто Вагите се најпријатните и најфини луѓе?

Вагата е знак во кој Сонцето заоѓа, во кој сѐ полека се смирува и стишува. Овој знак има многу мирна енергија. Вагите самите по себе навидум се мирни, но ги следи стереотипот дека се неодлучни и дека постојано се премислуваат.

Тоа е вистина, затоа што сите знаеме дека постојано нешто мерат. Долго размислуваат, затоа што во природа им е да бидат праведни.

Мажите родени во знакот Вага секогаш се одлично облечени. Не мора тоа да бидат скапи модни парчиња, но при изборот се мора да биде со вкус и со стил. Ќе ги препознаете по одличните манири и мирниот глас, а често имаат и прекрасни црти на лицето. Однадвор секогаш делуваат хармонично, иако во себе можат да бидат многу хаотични, неодлучни и вознемирени.

Мажот Вага е слаткоречив господин кој е заљубен самиот во себе. Како да им е судено да бидат популарни, убави, привлечни и бираат партнерки со кои можат да имаат мирен и продуктивен однос. За нив, идеални се жените кои можат да им помогнат или да вложат нешто во нивната врска или брак. За себе бираат мирна, понизна, убава и складна партнерка. Идеалните професии за нив се професиите кои имаат врска со уметноста.

Жените родени во овој знак се помеѓу најубавите жени во Зодијакот. Тие секогаш се убаво облечени и нашминкани и тоа најчесто во пастелни бои. Чувството за убавина им е нагласено и многу им е важно околу нив се да биде убаво. Тие не се преголеми оптимисти, но веруваат дека се околу нив треба да изгледа убаво. Партнерот, пријателите, ентериерот... се тоа мора да изгледа убаво за да се задоволи нивната душевна потреба.

Жените родени во овој знак се многу мили и мирни. Имаат нагласени женски црти и лесно го привлекуваат вниманието на мажите. Кога ќе се омажат, добиваат се што ќе посакаат, затоа што знаат како себеси да си ги обезбедат најдобрите можни услови. Како сопруги се многу интересни, секогаш водат сметка се да биде на свое место, децата да бидат средени и секогаш убаво облечени. Тоа се жени кои имаат одлично чувство за правда, па често се занимаваат со право или работат административни работи.

Целиот овој знак се обоен со правда, мир, уметност и мода. Луѓето во овој знак се најдобри адвокати, судии, вајари, манекенки, фотомодели, креатори, дизјанери. Венера им дала многу таленти, но од нив зависи дали ќе ги искористат.

Вагата е единствениот знак во хороскопот кој е претставен како предмети, па тоа значи дека понекогаш се крути и ладни, но од сите хороскопски знаци, тие највеќе знаат да ги ценат и почитуваат луѓето кои ги сакаат.