Зошто треба да се гордеете на вашите мали победи?

Вашето себе-откривање е поврзано со вас. Во овој мал (можеби и голем) период од вашиот живот, сосема е во ред да бидете себични. Сите сме поминале низ разни работи и сме искусиле работи во нашиот живот кои од нас барале да застанеме за миг и да земеме здив.

Доаѓа момент во животот кога повеќе не постои простор. Повеќе не постои простор за сомнеж, болка и поставување прашања од типот: „Што по ѓаволите се случува? Каде се движам?“ Сите го имаме кажано тоа.

Па што повеќе ви треба? Што може да ви го пополни животот што ќе ви ги олесни сите прашања во вас? Ние постојано се фокусираме на погрешното, па така забораваме на правилното.

Што е тоа што ве полни со задоволство? Она што ги полни празнините на кои толку многу се фокусираме? Кога се пронаоѓаме себеси, мора да погледнеме длабоко во вие празнини кои ги мразиме и да дознаеме со кои прекрасни работи можеме да ги пополниме.

Затоа што еднаш кога ќе ги пополниме празнините со среќа, ни стануваме среќни. На каква енергија ќе се фокусираме и каква енергија ќе ставиме во нашето тело, нашите тела ќе станат такви.

Понекогаш не изгледа толку лесно.

Понекогаш премногу се губиме во нашите длабочини што не ни можеме да замислиме една работа која ни носи среќа. Затоа земете пенкало и лист и запишете ги вашите победи.

Дали станавте од кревет? Ги измивте забите? Дали се насмевнавте некому? Ова се победите и успесите кои ни дозволуваат да продолжиме и да ги живееме нашите животи.

Пронаоѓањето на тоа кои сме, нема да биде направено за неколку дена. Може да бидат недели и гдини. Можеби ќе го поминеме целиот живот правејќи го тоа.

Почнете да си поставувате прашања за кои секогаш сте сакале одговори.

„Зошто сум тука?“, „Зошто го сакам ова?“, „Што ми треба?“

Откако ќе се соочите со вашите прашања, можете да се соочите со вашите одговори.

cheap nike air max 90