Зошто треба да конзумираме куркума секој ден?

Иако куркумата има долга историја во источната кујна, овој зачин е многу популарен и денеска.

Тој е достапен и како зачин, но и како суплемент кој е познат по своите позитивни својства поврзани со варењето, метаболизмот, дишењето па дури и хроничниот замор. 

Можете да го користите во исхраната,во пијалоците, па и како маска за лице. Каква форма и да изберете, куркумата е одлична за вашето здравје и добросостојба. Дополнително, некои нутриционисти посочуваат дека нејзината апсорпција во телото е најдобра во комбинација со биберот.

Ова се ефектите од секојдневното конзумирање на куркумата.

Ги намалува воспаленијата во телото

Овој зачин има огромна репутација во однос на намалувањето на воспаленијата во нашето тело и често се користи во алтернативната медицина. Во ајурведата, куркумата се користи за многу различни состојби и болести. Тоа се должи на куркуминот, од кој таа ја добива својата богата боја и најдобрата способност да ги победи воспаленијата.

Го намалува ризикот од рак

Со оглед на тоа дека овој зачин има голема анти-воспалителна моќ, еден од најголемите потенцијали лежи во борбата против ракот. Многу истражувања покажуваат дека редовното конзумирање куркума го намалува ризикот од рак за 37%, а е и корисен додаток во исхраната за луѓето кои се болни од оваа најопасна болест. Според истражувањата, таа е најкорисна кај ракот на белите дробови, простата и градите, а помага и во ефектот на хемотерапијата. 

Помага подобро да се справите со депресијата

Според истражувања, речиси секоја трета личност се соочува со некаква состојба или заболување поврзано со менталното здравје. Во едно истражување спроведено во 2016 година, куркумата се покажала како многу корисна кај пациентите со депресија. Но, за да има ефект, нутриционистите и докторите посочуваат дека таа треба да се конзумира редовно, односно во период од 6 месеци. 

Има бенефити за нашиот ум и болестите поврзани со мозокот

Алцхајмеровата болест е една од најчестите состојби каде е докажано дека куркумата го намалува ризикот од оваа болест или пак го забавува спречувањето на ширењето на болеста. Сепак, овие студии се спроведени на животни и постојат многу малку податоци за вистинскиот ефект кај луѓето. Но, едно друго истражување покажало дека редовното земање на суплемент во период од 18 месеци им помогнало на жените со деменција во однос на подобрување на меморијата и нивните когнитивни функции.

Ги намалува симптомите од артритис

Постојат повеќе од 100 видови артритис кои предизвикуваат болка, отекување, намалена способност за движење и сите тие имаат различни причини за нивната појава. Но, она што е заедничко за нив е дека куркумата ги намалува симптомите кај секој од овие видови артритис. Според едно истражување, земањето куркума три пати на ден е споредливо со 1200 мг ибупрофен. Но, треба да се внимава на ефектите на желудникот кој овој зачин би можел да ги има кај одредени луѓе. 

Заштита на срцето

Срцевите заболувања се број еден од причините за смртност меѓу луѓето, земајќи 18 милиони животи на годишно ниво. Но, многу истражувања покажуваат дека куркумата го штити срцето и го намалува ризикот од срцев удар.