Зошто треба да јадете лубеница во текот на целото лето? 

Не постои овошје кое подобро освежува и ја гаси жедта од лубеницата. 

Таа содржи активни состојки го ги ублажуваат воспалителните состојби, но и антиоксиданти кои штитат од слободните радикали. 

Одличен диуретик

Претставува одличен диуретик бидејќи ја стимулира работата на бубрезите и придонесува за исфрлање на токсините од нашето тело.

Зголемување на либидото

Лубеницата е одлично овошје за оние со намалено либидо, бидејќи содржи фитохемикалија цитрулин која има моќ да ги опушти крвните жили и да влијае на либидото. Во 120 гр лубеница се наоѓаат дури 150 мг цитрулин.

Здравје на срцето

Лубеницата содржи витамини А, Ц и Б6 кои се богат извор на хранливи материи.  Содржи и магнезиум и калиум, кои се два минерали познати по тоа што го регулираат крвниот притисок.

Еднодневно чистење на телото

Доколку сакате да го исчистите своето тело од сите насобрани токсини, направете еднодневно чистење со помош на ова слатко овошје. Наутро и навечер напијте се по една чаша пробиотски јогурт, а остатокот од денот јадете само лубеница. Без оглед на тоа што таа содржи многу вода, сепак во текот на чистењето важно е да пиете вода. Ова чистење може да се прави и два пати месечно во текот на летниот период.

Чај од семки од лубеница

Некои нутриционисти препорачуваат чај од семките од лубеница за луѓето кои имаат проблем со камен во бубрезите. Овој чај исто така ја стимулира работата на бубрезите. За да го подготвите чајот, потребна ви е половина шолја за кафе со семки од лубеница, кои претходно треба да ги измелете или исецкате. 

Прелијте ги семките со 250 мл вода и оставете да се олади чајот. Потоа процедете и испијте го. Можете да го конзумирате 3 пати на ден.