Зошто треба да јадете банана пред спиење?

Подготвени сте за спиење, но сакате да заспиете побрзо?

Многу важно е што правите пред да заспиете. Според нутриционистот Трејси Локвуд Бекерман, бананата е одличен избор за да заспиете побрзо.

Според неа, тоа што го јадеме пред да заспиеме и кога одиме на спиење влијае на квалитетот на сонот, но и нашето варење. Ако вашата храна не е добро сварена пред да заспиете, тогаш телото троши време да ја свари, наместо полека да се смири за спиење. Таа препорачува особено да се избегнуваат слатки и рафинирани шеќери, кои дефинитивно го нарушуваат сонот.

Бекерман истакнува дека можете да земете банана со путер од кикирики што е една од најдобрите комбинации. Бананите се богати со калиум и магнезиум што им помага на мускулите да се релаксираат, а путерот од кикирики е одличен додаток бидејќи содржи триптофан, аминокиселина која го поттикнува лачењето на серотонин и мелатонинот. 

Пробајте!