Зошто треба да им простувате на луѓето?

Простувањето е отпуштање на горчината, разочарувањето, гневот и повреденоста.
Кога ќе го постигнете тоа, слободни сте од тој затвор.
Тој повеќе нема да го окупира вашето внимание.
Повеќе нема да продира во вашите мисли и вашиот сон.
Повеќе не сте опседнати со лутината и праведничкиот гнев.
Повеќе не чувствувате потреба да ги уверувате другите дека вам ви е нанесена неправда.
Откажете од положбата на жртва.
Простувањето е самоисцелување.
Непростувањето е истрајување во очекувањата.
Простувањето е нивното отпуштање.
Непростувањето е истрајување во барањето дека другата личност мора да биде баш таква каква што вие сакате да биде.
Простувањето е откажување од тоа барање.
Простувањето е изборот да имате опуштено и радосно срце наместо гнев и замерки.
Гневот и замерките се многу привлечни.
Без нив не можете да бидете жртва.
Изборот е ваш!

  • Гери Зукав