Зошто треба да ѝ дозволите на љубовта да ве пронајде, наместо вие да трчате по неа?

Значи, имате некој на ум. Оваа состојба прави да чувствувате среќа, но истовремено и ве излудува. Во еден момент мислите дека сета надеж е изгубена, а потоа ви стигнува порака и сфаќате дека сѐ уште сте во игра. Правите стратегии како да ѝ пристапите на играта.

Се жалите дека не ви се допаѓа таа игра, но сите знаеме дека кога работите биле еднакви онолку колку што мислиме дека би требале, тоа би било далеку полудо отколку она што навистина го посакуваме. Па така, почнувате да се преправате и претерано да анализирате сѐ. Апсолутно сѐ. Од интерпукциски знаци, до времето кое изминало додека да добиете одговор на порака. Сѐ тоа ви значи нешто, но судејќи по сѐ, тоа навистина не значи ништо. 

Еве зошто треба да престанете да трчате по љубов:

Може да се случи да почнете да заборавате на луѓето кои во вашиот живот не се само привремени жители. Ќе пропуштате создавање на драгоцени спомени со пријателите и семејството, додека со сила се обидувате да создадете заборавливи спомени од заљубеноста.

Може да се случи да го понудите вашето срце на некој кој не го заслужува. Оној кој го заслужува сигурно ќе ви се додворува и ќе даде сѐ од себе да биде со вас. Трошите енергија на нешто што е минливо. И самите сте свесни за тоа, но понекогаш ви е тешко да си го признаете тоа самите на себе. 

Почнувате да заборавате на работите кои ви биле важни. Сте сонувале за нешто поинакво и сте се надевале дека ќе добиете нешто подобро, но се задоволувате со доцни телефонски повици и пораки.

Почнувате да се излудувате самите себе. Звукот на пораката е вашата најлоша ноќна мора, но и најдобар пријател. Мислите дека станува збор за игра, но факт е дека некој се поигрува со вашето срце. Трчате по човечко суштество наместо да му дозволите на животот да се случи.

Престанете да ја анализирате секоја порака и дозволете судбината да ги преземе работите во свои раце. 

Не треба да трчате по никого. Наместо да трчате по пеперутките во стомакот, почнете прво да трчате по своите сопствени соништа. По сопствените изгрејсонца. Собирања со пријатели. Својата пролет. Својата насмевка. Своите спомени. Дозволете да се случи вистинската работа за која не е потребно објаснување, затоа што таа сама по себе е објаснување.

Престанете да трчате по љубов и дозволете таа да ве пронајде вас.