Зошто треба да го почнете денот со вода со лимон?

Наједноставните навики имаат огромен ефект на нашето здравје. Лимоновата вода е еден од најдобрите напитоци со кои можете да го започнете денот.

Зошто е корисна таа?

Го подобрува варењето

Киселината помага во разложување на храната. Неразложената храна често придонесува за создавање киселини во стомакот. Затоа, лимонот помага во разложување на храната, а со тоа и намалување на киселините.

Помага да останете хидрирани

Поголем дел од луѓето не пијат доволно вода. Навиката за пиење вода со лимон е одличен начин за започнување на денот. Но, како да знаете дека пиете доволно вода? Вашата урина ќе биде светла и незаматена.

Придонесува за намалување на тежината

Сите ние функционираме по навики. Додавањето на ваквата наука во утринската рутина ќе придонесе за намалување на струкот и килограмите, бидејќи лимонот придонесува за топење на мастите.

Спречување на болестите

Фитонутриентите кои ги содржи лимонот придонесуваат за заштита од оксидација и спречување на ризикот од различни воспаленија и заболувања.

Обезбедување на здрава доза од витамин Ц

Со додавање половина лимон во водата, добивате 1/6 од дневната препорачана доза од витамин Ц, кој придонесува за заштита од оштетување на клетките и заздравување на рани и повреди.

Значаен извор на калиум

Без овој минерал, телото не може да функционира соодветно. Калиумот е неопходен за поврзување на нервите и мускулите и пренесување на хранливите материи.

Го спречува создавањето на камен во бубрезите

Водата со лимон придонесува за намалување на ризикот од создавање на камен во бубрезите.