Зошто треба да бидеш среќен ако си чаирчанец?

Оваа место во Скопје е високо урбанизирана населба која се наоѓа на левата страна на реката Вардар, на 2 km одалеченост од центарот на градот.

Постојат докази дека просторот каде сега се простира населбата бил населен уште пред 7000-8000 години. Чаир се наоѓа во северниот дел на Скопје и припаѓа кон општина Чаир. На север се граничи со населбата Бутел II, на исток со ридот Гази Баба, на запад со населбата Топанско Поле, а на југ со Центар.

Една чаирчанка во краток Фејсбук статус опиша како е да се живее во оваа скопска населба:

„Кога на излегување од домот првиот комшија што ќе те сретне  ќе те праша како си комшике..кога во продавница љубезно ќе ти се обрати касиерката и ќе ти посака убав ден....Кога случаен минувач низ маало ќе ти помогне додека ја паркираш колата викајќи ти: „Ајде, ајде....исправи го сега воланот добро е“..кога во влезот кај што живееш друг комшија ќе те праша комшике ти треба ли помош со кесите...тогаш знаеш дека си среќен што живееш во Чаир и секогаш можеш да сметаш на било каква помош од твоите чаирчани“.