Зошто тетката е една од најважните личности во животот на детето?

Освен што се крвно поврзани, тетките имаат големо влијание врз детето, сосема поинакво од влијанието кое го имаат родителите, а сепак многу значајно. Тие најчесто развиваат многу посебен однос со дечињата на своите сестри или браќа.

Тетката е забавната возрасна личчност

Со оглед на тоа дека ја нема одговорноста на родителите, тетката може едноставно да ја покаже својата забавна страна. Сеќавањата на моментите со тетката секогаш се поврзани со забавни спомени и моменти, игри и смеење. Тетката може да биде вистински забавувач.

Таа е лојален советник

Децата често можат да зборуваат со тетките за теми за кои тие не сакаат да зборуваат со родителите. Тетката секогаш знае да даде одличен совет без предрасуди, чува тајни и поотворено зборува со своите искуства. Тетката може да биде вистинска ризница полна со мудри совети.

Тетката е тука кога останатите немаат време

Таа ќе најде време за да сошие фустан за куклата, да го одведе детето на претстава или концерт или едноставно да си поигра со внукот или внуката. Таа е секогаш присутна кога тоа е потребно и децата секогаш се чувствуваат посебно кога се со својата тетка.

Тетката е идол

Во ова модерно време, децата се под неверојатно влијание на медиумите кои не се секогаш добри за нив. Тетката може да биде алтернативен пример за семејство, кариера, врски, хобија или вредности.

Таа е семејство

Тетката многу добри ги знае односите во семејството и во тек на расправија или караница може да биде одличен посредник!

Таа е тука за да охрабри!

Тетката ќе го поддржи своето внуче и ќе биде најголемиот навиивач без оглед на тоа за што станува збор. Ако детето се соочува со некаков проблем, тетката секогаш може да пронајде начин за да даде некакво охрабрување.