Зошто таа се заљуби во тебе?

Таа не се заљуби во тебе затоа што си го запомнил роденденот или си и купил цвеќиња на некој празник.

Таа се заљуби во тебе, затоа што кога се разбуди едно утро, прво си и посакал добро утро, а потоа си посегнал по телефонот.

Таа се заљуби во тебе, затоа што отиде до фрижидерот за да си земеш пиво и ѝ донесе и на неа, без да ја прашаш.

Таа се заљуби во тебе затоа што кога ти имаше одличен ден на работа, а таа се вратила дома на поништена, ти не ѝ рече: „Аха, аха. Ама чекај да ти кажам што ми се случи на мене.“ Ти седеше до неа и слушаше што ѝ се случило и не и спомна ништо за твојот прекрасен ден. Ете затоа се заљуби во тебе.

Не можам да ти кажам точно за кој ден се работи.

Не беше поради некоја посебна работа која си ја направил.

Збирот на сите мали работи доведе до тоа таа еден ден да се разбуди и како одеднаш да се вклучи некое копче и таа си рече самата на себе: „Јас го сакам тој човек.“