Зошто смоквите се толку здрави и неопходни за човекот?

 

Смоквите се сметаат за овошје кое е меѓу најздравите за човечкото здравје. Сировите смокви содржат до 80% вода, а со оглед на тоа дека поттикнуваат енергија, најдобро е да се јадат наутро. 

Еве кои се поволностите од редовно јадење смоква:

Го намалува крвниот притисок

Тие се одличен извор на калиум кој помага при намалување и регулацијата на крвниот притисок. Калиумот е слабо достапен во храната, а неопходен ни е за нормално функционирање на организмот. 

Помага при слабеење

Добар извор на прехранбени влакна кои го подобруваат варењето на храната и поради кои имаме подолго чувство на ситост, па така помага при губење на килограми. Освен тоа, смоквите се добри и за намалување на холестеролот во крвта. Во 100 грама смокви има само 74 калории.

Го намалува шеќерот во крвта

Листовите од смоквата го намалуваат шеќерот во крвта. Тие може да се користат и при приготвување на различни јадења, но и да се прави чај од нив. 

Го подобруваат расположението

Содржат голема количина витамин Б комплекс, кој ни дава енергија и обезбедува еластичност на кожата и силни мускули. Уште една поволност е што ја подобрува концентрацијата, помнењето и целокупното расположение. Може да помогне и во регулација на несоница и ПМС.

Помага во регулирање на брадавици и други израстоци

Во народната медицина, смоквите се сметаат за одлични помошници при проблеми со израстоци на кожата како што се брадавици или популарно наречените „тртки“. Доволно е половина свеж плод да ставите на местото каде што имате проблем, да го оставите преку ноќ, а наутро да го измиете со врела вода. Таа постапка треба да ја повторите пет пати и значително ќе ви помогне. 

Содржи многу витамини и минерали

Високата концентрација на глукоза и фруктоза се здрава замена за белиот, преработен шеќер. Содржат многу железо, фосфор, калциум, калиум, магнезиум, витамин Б6, Е, А. Содржи и многу вода и природни шеќери, па корисни се и ако се чувствувате исцрпени, а добри се и за детоксикација.