Зошто сите велат дека е лошо да бидеш себичен?

Кога стана табу да им се вели НЕ на луѓето?

Зошто е во ред да бидеш искористен и истрошен додека нема ништо повеќе да дадеш? Да ти стане преку глава од се што единственото нешто што го сакаш е да се скриеш од светот.

Постои збор кој ги опишува луѓето кои велат НЕ, а тоа е зборот СЕБИЧЕН и искрено, кога ќе го прифатите тоа може да биде прекрасна работа. Секако, секој си става сопствена дефиниција.

Сосема е прифатливо да се фокусирате на вашите потреби и повторно да се изградите себеси. Да направите нешто за себе и само за себе за повторно да бидете целосни. Повторно да си ја наполните празната чаша. Се што правите е валидирање на тоа што сте и на сопствената вредно и зарем има нешто подобро од тоа?

Учите и работите напорно, па зошто да не земете слободен ден кој очајно ви треба и да не правите ништо. Ама баш ништо! Да седите стуткани во кауч, да си гледате серии и да си јадете колачиња.

Денот кога ќе почнете да живеете за себе и за она што ве прави среќни е денот кога вашиот живот навистина почнува. Вистинита е изреката дека животот е краток и дека ќе пролета покрај вас додека да трепнете...

Бидете себични!