Зошто сексот е подобар по 40-тата година

Младоста ја има поголемата енергичност на своја страна, но затоа е придружена со неискуство, а понекогаш и наивност. Авторката Шејн Ватсон во својата книга-прирачник објаснува зошто сексот е подобар по 40-та година од животот.

Жените постари од 40 години знаат како да побараат секс

Инхибициите од општествена природа (срам, недостиг на искуство, норми итн.) не постојат кај жените постари од 40 години, па така тие веднаш преминуваат на најважната работа.

Секогаш го кажуваат она што го мислат

Речиси е невозможно да чуете жена постара од 40 години да каже „Не“, кога всушност мисли „Да“ и да очекува мажот да биде упорен. Исто така, фрази од типот на: „Денес сум уморна, ајде да одложиме за утре“ не постојат во нивниот речник, бидејќи не се плашат од реакцијата на мажите.

Самоуверени се и присебни

Со искуството жените стекнуваат самодоверба и присебност во непредвидени ситуации, што ги прави многу посилни и многу попривлечни за мажите.

Поотворени се

Темите поврзани со сексот престануваат да бидат табу по одредена возраст. Жените над 40 знаат дека нема потреба да се избегнуваат теми што се природни и пријатни.

Знаат да прифатат одбивање

Жените над 40 години можат да разберат дека нивниот партнер понекогаш навистина е изморен и не е подготвен за сексуален однос. Токму затоа не се случуваат драми кога ќе бидат одбиени.

Не бараат разговор по сексот

Кога жените ќе стекнат искуство, престануваат да очекуваат разговор или гушкање со партнерот по сексот, т.е. период во кој сакаат да разговараат за тоа што се случило или каде ќе оди врската понатаму.

Сосема се свесни за сопствените квалитети

Многу мал дел од жените над 40 години патат од комплекси на несигурност и помала вредност, како последица на некој физички недостаток. Овие жени точно знаат кои им се предностите, а кои недостатоците и знаат што треба да се направи да се истакнат првите, а да се сокријат вторите – и токму затоа зрачат со неверојатен сексапил.

This Weekend's Hottest Sneaker Releases (And Where to Find Them)