Зошто се заразуваат и вакцинирани? Од телото зависи како ќе ја „прифати“ вакцината

Во Македонија, но и во светот, се забележани одреден процент на случаи кои биле вакцинирани, па се заразиле со коронавирусот. Се работи за делумно очекувана појава, со оглед на тоа што ниту една вакцина не дава 100% заштита, туку ги олеснува потенцијалните симптоми пред сè и спречува хоспитализација. 

Но, сигурно сте чуле, а можеби и самите сте случај на лице кое се вакцинирало, но не развило доволно антитела, додека пак други имаат и за да дадат на друг, ако е тоа можно. 

Според медицинските експерти низ светот, за вакцината да „фати“, лицето мора да е во генерално добра здравствена состојба, без сериозни хронични заболувања или имунолошки нарушувања. Природниот имунитет кој го имаме е во „првите борбени редови“ при инфекција, а стекнатиот со помош на вакцина помага побрзо да се избориме со потенцијалната зараза. 

Најголем број од лицата кои се заразиле иако се вакцинирани, не биле претпазливи или веќе имаат одредени здравствени нарушувања кои ја отежнуваат клиничката слика. Важно е да се напомене дека дури и по вакцината, тие проблеми остануваат да ја комплицираат состојбата. Но, доколку лицето е имунизирано, штетата која би настанала поради коронавирусот се намалува, а со тоа и можните последици. 

Земањето на лекови, вклучително и вакцини, мора да биде проследено со препорака од лекар кај луѓето кои веќе имаат одредена здравствена состојба. Ризик постои и во таблетите против главоболка кои ги пиеме. 

За потпомагање на природниот имунитет клучни се витамините Ц и Д и тоа треба да го знаат дури и здравите луѓе. На тој начин ќе ѝ помогнеме и на самата вакцина да го создаде имунолошкиот одговор кој е потребен.