Зошто Раковите се најдобрите пријатели кои можете да ги имате?

Родените во знакот Рак се познати како одржувачи на овој свет. Тие се оние кои покажуваат чувства, кои сакаат безусловно и кои се грижат искрено за другите.

Тие се навистина добри пријатели.

Тие секогаш проверуваат како сте.

Тие се грижат за вас постојано и постојано сте на нивниот ум. Тие нема да ве побараат кога ќе им биде потребна само услуга, туку постојано се тука за вас. Кога ќе ве прашаат како сте, тие не очекуваат неискрен одговор дека сте добро, туку навистина сакаат да знаат како сте и да ви помогнат ако се соочувате со проблеми. 

Тие секогаш сакаат да слушаат.

Никогаш нема да се почувствувате како да сте им терет, бидејќи не сте им. Кога ќе ве прашаат како сте, Раковите навистина ги интересира да го слушнат вистинскиот одговор. Тие не сметаат дека слушајќи ве,  губат време, туку сметаат дека можат да ви помогнат слушајќи ве и грижејќи се да бидете среќни.

Тие навистина разбираат.

Не постои ништо што ќе им кажете, а нема да го разберат. Никогаш нема да ве осудат за кажаното и направеното, туку за нив вашите чувства се секогаш легитимни доколку постојат. 

Тие ги даваат најдобрите совети.

Тие нема да ви го кажат тоа што сакате да го слушнете, туку ќе бидат искрени и ќе ви кажат што навистина мислат. Раковите се искрени и секогаш размислуваат како би постапиле да се во вашата ситуација и така и ги базираат своите мислења и совети. Тие размислуваат за предностите и слабостите на секоја ситуација.

Ним секогаш можете да им верувате.

Нема никогаш да најдете пријател кој може да чува тајна како Раковите. Секоја ваша тајна и секој збор се безбедни кај нив. Тие се едни од најлојалните пријатели со кои имате спогодба на молчење, секогаш кога ќе им се отворите.