Зошто простувањето е најдоброто нешто што можеме да го направиме откако ќе нѐ повредат?

Тоа е една од најослободувачките работи кои било кога ќе ги направите. Но, и една од најтешките.

Луѓето често велат дека е потребно време за да се прости. Кога другите ќе ни кажат „извини“, а во себе си велиме дека тоа е последното нешто што сакаме да го слушнеме, бидејќи ни звучи неискрено. Си велиме дека не постојат шанси да и простиме на личноста која нѐ повредила. Се обидуваме себеси да се наполниме со бес за таа личност, да ја мразиме, да ја победиме љубовта која ја имаме во себе за нив. Но, се чини како никако тоа да не ни успева. Се повредуваме само себеси.

Да, потребно е понекогаш многу време за да се прости. Но, потребно е и да се донесе одлука.

Воопшто не е лесно. Всушност, колку поголема е болката во нас, толку потешко е да се соочиме со емоциите. Но, ние сме интелигентен човечки род, кој има можност да донесува одлуки, да управува со себеси и да ги контролира своите емоции. Потребно е да сфатиме колку негативна енергија имаме во себе со тоа што ја чуваме болката и не дозволуваме да им простиме. Не заради нив, туку заради себеси.

Но, како вистински им простуваме на другите?

Велат дека ако тоа што другата личност го направила ни помине слободно низ мозокот и чувствата и ако не направи да се стресеме и не не заболи, тогаш тогаш сме простиле. Тоа е патот кој мораме да го избереме. Но, не заради нив. Само заради самите себеси. Тоа е постојан избор кој мораме да го правиме за себе во текот на нашето живеење.

Многу малку нешта траат засекогаш. Иако во моментот не можеме да сфатиме зошто одредена личност се однесува на одреден начин, со простувањето полека можеме да сфатиме дека во нашиот живот нема место за такви личности. Со простувањето, се ослободуваме од негативните чувства и мисли и се ослободуваме од потребата да добиеме одговори на некои прашања, кои така стануваат неважни.

Простете. Не заради нив. Заради себеси.