Зошто пријателките им се толку важни на жените?

На едно од предавањата на Стенфорд се зборувало за поврзаноста на умот и телото, за врската меѓу стресот и болеста.

Професорот на катедрата по психологија на Стенфорд, помеѓу останатото, рекол дека една од најдобрите работи кои мажот може да ги направи за своето здравје е да биде оженет, а една од најдобрите работи кои жената може да ги направи за своето здравје е да го негува пријателството со своите другарки.

Најпрво сите се насмеале, а тој останал сериозен. Им рекол дека жените многу поразлично се поврзуваат едни со други и создаваат еден систем на поддршка кој меѓусебно им помага да се носат со стресот и тешките животни проблеми. На физичко ниво, времето поминато со пријателките го крева нивото на серотонин, хормон кој помага против депресија и го подобрува доброто расположение. Жените знаат да ги поделат своите чувства со другите, додека мажите често ги градат своите дружења околку активности.

Тие ретко седнуваат со пријателите за да зборуваат за своите чувства во врска со некои работи. Работа? Да. Спорт? Да. Автомобил? Да. Рибарење? Да. Лов? Да. Но, чувства? Ретко, а жените постојано го прават тоа. Со своите мајки, сестри и пријателки, тие споделуваат она што им лежи на душа и очигледно тоа е многу добро за нивното здравје.

Професорот рекол дека времето поминато со пријателка е исто толку важно за здравјето на жената исто како и трчањето или аеробикот. Постои тенденција да се мисли дека додека вежбаме правиме нешто корисно за нешто тело и дека кога жените се дружат меѓу себе, значи не прават ништо корисно. И таа тенденција е многу погрешна.

Професорот рекол дека неможноста за создавање и одржување квалитетни лични односи со други луѓе е опасно за физичкото здравје на жените.

Затоа, ако жената излезе да зборува со пријателките, таа треба да биде охрабрена за тоа, затоа што прави нешто добро за своето здравје.

Жените во суштина се многу, многу среќни.

Затоа, да наздравиме за нашето пријателство... Очигледно тоа е добро за нашето здравје!

Им благодарам на сите жени во мојот живот кој ми помогнале да останам здрава, среќна и сакана.

Проследете го ова и до вашите пријателки!