Зошто ја одбирате патеката со многу кривини, наместо правиот пат пред вас? Оставете животот самиот да се развива и не се трудете да го форсирате неговиот развој.
Не можете да го забрзате развојот на цветот, затоа што ако се обидете да го направите тоа, со својата нетрпеливост ќе ја уништите убавината и совршеноста.
Постои вистинско време за сѐ.
Зошто да не се обидете да го фатите ритамот на животот и да се движите по тој ритам и да гледате како чудата се остваруваат. Бидете трпеливи и не се обидувајте однапред да направите нешто во погрешно време.
Истовремено немојте да губите скапоцено време.
Сфатете дека постои величествен модел и план кој се провлекува низ сѐ што правите и постојано бидете благодарни и верувајте му на тој план.