Зошто понекогаш толку доцна ни текнува да почнеме да живееме?

Доцна ни текнува да почнеме да живееме затоа што половина од животот ги затворамее очите пред фактите, мислејќи дека овој живот ќе трае вечно, дека имаме време во изобилство и дека времето всушност и не пропаѓа.

Тоа го правиме затоа што воглавно сме насочени на негативното, на она што не ни се допаѓа, на она што го немаме. Затоа и сме мислеле дека времето запрело и дека можеме малку да се исклучиме, дека можеме да се откажеме од потрагата на срцето, потрагата за она што е убаво, за она што го чувствуваме.

Доцна ни текнува да почнеме да живееме живееме, затоа што половина од животот го поминуваме во кавги и препирки околу тоа кој е во право, а кој не е. Половина од животот го поминуваме докажувајќи им на другите дека нивниот пат е погрешен и бараме од нив да нѐ следат нас, да живеат како нас. Доцна ни текнува да живееме затоа што толку многу го искомплициравме животот и сега се прашуваме што е важно, зошто го правиме тоа што го правиме и која е всушност смислата на сѐ ова.

Доцна ни текнува да почнеме да живееме затоа што понекогаш трошиме толку многу енергија за работи кои не се вредни, толку многу време на луѓе кои само го вртат грбот и си заминуваат, толку многу сила за битки кои и не се наши. И кога ќе почнеме да размислуваме за тоа што останало од нашиот живот, гледаме дека тоа понекогаш се само руини со кои не можеме да постигнеме ништо, затоа што веќе сме уморни и истрошини, затоа што веќе е „5 до 12“, затоа што веќе сѐ се знае.

Доцна ни текнува да почнеме да живееме, затоа што дозволуваме со нас да управуваат други луѓе, а уште повеќе дозволуваме со нас да управува нашето минато кое на крај ја проголтува нашата сегашност. Доцна ни текнува да живееме, затоа што дозволуваме навреденоста, лутината, разочарувањето и другите негативни чувства да се вгнездат во нас, наместо да ги оставиме само да пројдат низ нас и да си отидат, а кога ќе погледнеме назад сфаќаме дека можеби е доцна за сѐ.

Но, сѐ додека имаме барем еден нов ден пред нас – сѐ уште може да се случи чудо. Треба само да веруваме во чуда и да почнеме одново.