Зошто понекогаш доцна ни текнува дека треба да живееме?

Доцна ни текнува да живееме затоа што речиси половина од нашиот живот сме замижувале пред фактите, мислејќи дека овој живот ќе трае вечно, дека имаме време во изобилство и дека времето не си минува.

Тоа се случило затоа што секогаш сме се насочувале кон негативното, кон она што го немаме и она што не ни се допаѓа. Затоа и сме мислеле дека времето стои дека можеме да се исклучиме дека можеме да се откажеме од потрагата на срцето, потрагата по убавите работи во животот.

Доцна ни текнува да живееме, затоа што половина живот го минуваме во кавги и препирки околу тоа кој е во право, а кој не. Половина од животот го минуваме докажувајќи им на другите дека нивниот пат е погрешен и дека тие треба да се огледаат на нас, да живеат како нас.

Доцна ни текнува да живееме затоа што животот го искомплициравме прашувајќи се што е важно, зошто ги правиме работите што ги правиме и која е смислата на животот. Доцна ни текнува да живееме затоа што трошиме премногу време на работи кои не вредат, трошиме време на луѓе кои само го вртат грбот и си одат и трошиме многу енергија на битки кои не се наши. И кога ќе почнеме да размислуваме за тоа што останало од нашиот живот, сфаќаме дека останале само рушевини со кои не можеме да постигнеме ништо затоа што премногу сме уморни и истрошени, затоа што веќе е 5 за 12, затоа што веќе се знае сѐ.

Понекогаш доцна ни текнува да живееме затоа што дозволуваме други луѓе да управуваат со нас, а уште повеќе му го дозволуваме тоа на нашето минато кое на крај ја проголтува нашата сегашност. Доцна ни текнува да живееме затоа што дозволуваме навреденоста, лутината, разочарувањето и другите негативни чувства не само да минат низ нас, туку и да се вгнездат и да продолжат да живеат во нашето срце и продолжуваме да живееме со нив, а кога ќе се свртиме назад, сфаќаме дека можеби е доцна за сѐ.

Но, сѐ додека имаме барем еден нов ден пред нас – можат да се случат чуда. Треба само да веруваме во нив и да започнеме одново.