Зошто она што го сакаме најчесто доаѓа кога ќе заборавиме на него?

Понекогаш очајнички посакуваме нешто, но желбите и делата не даваат позитивни резултати. Можеби ќе направите сè во практична смисла за да ви се оствари посакуваното, но вашите напори остануваат ненаградени. Постојат моменти кога она што го сакате не може да дојде во вашиот живот, затоа што не е вистинското време или универзумот (Бог) има други планови за вас, но многу често, главната причина поради која не го добивате она што го сакате е отпорот. 

Можеби ќе се запрашате: „Но, како давам отпор, кога толку многу се трудам?“ Постои суптилна разлика помеѓу фокусирањето на своите желби и грчевитото посакување на негативен начин. Иако можеби посакувате нешто, позитивниот исход не е на чело на вашата концентрација. Во суштина, вие се фокусирате на она што не достига. 

Кога нешто силно посакувате, вие размислувате зошто ви е потребно тоа. Размислувате како вашиот живот е ужасен без тоа. Вашата енергија е насочена на вашите потреби. Така универзумот ја добива пораката: „Не го добив она што ми треба“, наместо „Ја манифестирам својата желба“. Законот на привлечност функционира така што го зацврстувате токму она на кое се фокусирате. Кога се концентрирате на фактот дека имате потреба, вашата потреба се зголемува. Сфатете дека секојпат кога ја насочувате енергијата на вашите проблеми, ја зголемувате веројатноста дека ќе се појават уште повеќе проблеми.  

Значи, треба да почнете поинаку да гледате на работите. Очајот и негативното размислување го блокираат она што го сакате. Можете да ги превртите работите со тоа што ќе ја насочите енергијата кон позитивни мисли поврзани со вашата желба. 

Она што го сакаме најчесто доаѓа кога ќе „заборавиме“ на тоа, односно кога не сме врзани.