Зошто одиш низ животот посакувајќи некој неважен да ја открие твојата вистинска вредност?

Си бил еднаш еден млад човек и отишол кај еден мудрец и го замолил за помош:

„Учителу, доаѓам кај тебе затоа што се чувствувам толку безвредно што едноставно немам волја за ништо. Ми велат дека не ме бидува за ништо, дека не правам ништо добро, дека сум неспретен и прилично глупав. Како да се поправам? Што можам да направам за луѓето повеќе да ме ценат?“

Учителот, не погледнувајќи го, рекол: „Многу ми е жал момче. Не можам да ти помогнам, затоа што прво треба прво да го решам својот проблем. Можеби подоцна...“ Замолчел, а потоа додал: „Кога ти би ми помонал мене, побргу би го решил тоа и можеби би можел да ти помогнам.“

Младичот малку збунето, со чувство на недостиг на самодоверба, рекол: „Со задоволство, учителу.“

Тогаш учителот го извадил прстенот кој го носел на малиот прст на левата рака, му го подал на младиот човек и му рекол: „Земи го коњот што седи надвор и одјавај до пазарот. Треба да го продадам овој прстен, затоа што морам да вратам долг. Мораш да добиеш најдобра можна цена и не прифаќај помалку од еден златник. Оди побргу и врати се со таа пара.“

Младиот човек го зел прстенот и си отишол. Кога стигнал на пазарот, почнал да го нуди прстенот на трговците кои го набљудувале со интерес сѐ додека младиот човекот не кажал колку бара за него.

Кога младиот човек ќе спомнел златник, некои се смееле, други ја вртелее главата, а само еден старец бил доволно љубезен за да му објасни дека прстенот едноставно не вреди толку за да биде заменет со златник. Некој човек понудил еден сребреник и бакарна чинија, но со оглед на тоа дека младиот човек добил инструкции да не го продава за помалку, тој ја одбил понудата.

Откако го понудил прстенот на сите кои ги сретнал на пазарот, срушен и тажен од неуспехот, се качил на коњот и се вратил назад. Се вратил и рекол: „Учителу, жал ми е, не можам да го добијам тоа што го бараш. Можеби можев да добијам два или три сребреници, но се сомневам дека ќе можам да натерам некој да даде повеќе од тоа, со оглед на вистинската вредност на прстенот.“

Учителот рекол: „Ова што го кажа е многу важно, млад пријателу. Најпрво мораме да ја дознаеме вистинската вредност на прстенот. Повторно качи се на коњ и оди во златара. Кој може да го знае тоа подобро од златар? Кажи му дека сакаш да го продадеш прстенот и прашај колку може да ти даде за него. Но, колку и да ти нуди, не го продавај. Врати се назад со прстенот.“

Младичот повторно се качил на коњот и отишол кај златарот. Златарот го прегледал прстенот со специјална ламба, го погледнал под лупа и му рекол на младиот човек:

„Момче, кажи му на учителот дека ако сака веднаш да го продаде, за прстенот не можам да му дадам повеќе од 58 златници.“

Момчето извикнало: „58 златници!!!???“

Златарот одговорил: „Да. Знам дека ако почека може да добие и 60 златници, но ако итно го продава...“

Младичот возбуден одјавал кај учителот и му објаснил што се случило.

Откако го ислушал, човекот му рекол: „Седни. Ти си како овој прстен: вистински бисер, вреден и единствен. И како таков, само вистински експерт може да те процени. Зошто одиш низ животот посакувајќи некој неважен да ја открие вистинската вредност?“

Откако го кажал тоа, тој повторно го ставил прстенот на малиот прст на левата рака.