Зошто никогаш не треба да ги откривате вашите планови и желби?

Дали сте забележале дека јавноста многу малку знае за животите на успешните луѓе? Еден успешен човек го објаснил тоа вака: Вистинскиот успех не се гледа според тоа што на сите страни ќе го разгласиш и објавиш. 

Ако сакате да ја избегнете зависта од другите, прегрнете ја тишината. Така порано ни кажуваа бабите. Никој не мора да знае за вашите планови, желби, цели, успеси и падови. Никому ништо не треба да објаснувате. Доколку на сите им ги објавите вашите планови, автоматски нема да ви бидат вам интересни. Моментално губите мотивација да работите на нив, иако веќе сте ги импресионирале другите. 

Запомнете ги овие работи:

  1. Не мора да покажете на Фејсбук дека сте среќни.

  2. Не мора на сите да им кажете дека сте тажни за да поправите нешто.

  3. Не е потребно да им ги откривате вашите планови и желби на сите. 

  4. Не е потребно одобрувањето на другите луѓе за да почнете нешто.

  5. Не е потребно да го промовирате вашиот живот на Инстаграм за да им докажете на другите дека нешто правите. 

  6. Не е потребно да се објаснувате и да го докажувате вашиот успех. 

  7. Потребна ви е тишина.

Ќе видите дека ќе се чувствувате многу подобро, понезависно, позадоволно и помирно. И најважно – ќе ги постигнете вашите цели.