Зошто никогаш и никому не треба да ги откривате вашите планови и желби?

Дали некогаш сте забележале дека јавноста многу малку знае за богатите и успешните луѓе? Тие имаат приватни авиони и вили на егзотични острови, а од друга страна носат стара облека. Дали знаете зошто е тоа така?

Многумина би помислиле дека тие се алчни или дека се плашат дека некој ќе ги ограби, меѓутоа причината е сосема друга.

Еден успешен човек објаснил: Вистинскиот успех не се мери по тоа колку ќе го разгласиш на другуте. На пример, неговите ќерки дознале дека татко им има приватен авион дури откако наполниле 30 години.

Старите велат: „Ако сакаш да ја избегнеш зависта на другите, прегрни ја тишината.“ Никој не мора да знае за вашите планови, желби, цели, успеси и падови. Никому не треба да објаснувате ништо, затоа што моментално ќе ја изгубите мотивацијата да работите со нив, а другите веќе сте ги импресионирале.

Запомнете:

  1. Нема потреба на сите пријатели на Фејсбук да им покажувате колку сте среќни.
  2. Нема потреба на сите да им кажувате дека сте депресивни за да поправите нешто.
  3. Нема потреба на сите да им ги откривате вашите планови за да ги остварите.
  4. Не ви е потребно одобрувањето на другите за да започнете нешто.
  5. Нема потреба да го промовирате вашиот живот на Инстаграм за да им докажете нешто на другите.
  6. Нема потреба да го објаснувате и докажувате својот успех.
  7. Потребна ви е тишината.

Ќе видите дека ќе се чувствувате многу подобро, независно, позадоволно и најважно од сѐ – ќе ги постигнете вашите цели.