Зошто ни се потребни омега - 3 масни киселини?

Нашето тело не може самото по себе да создава омега - 3 масни киселини. Затоа е потребно да конзумираме храна богата со овие здрави масти или пак да земаме суплементи во исхраната.

Тие се клучни за нормален раст и развој. Овие киселини се концентрирани во мозокот и се важни за бихејвористичките и когнитивни функции. Симптомите поврзани со нивниот недостаток се следните:

Лоша циркулација

Депресија или чести проблеми во расположението

Проблеми со срцето

Сува кожа

Лоша меморија

Замор

Истражувањата покажуваат дека омега 3 масните киселини ги намалуваат воспаленијата и можат да го намалат ризикот од хронични  заболувања како артритисот, ракот и срцевите заболувања. 

Ова се докажаните здравствени бенефити од нивното редовно конзумирање.

Намалено ниво на лошиот холестерол

Една причина зошто треба почесто да ги конзумираме овие масни киселини е тоа што тие придонесуваат за намалено ниво на триглицериди и лош холестерол.

Подобрено здравје на срцето

Многу истражувања покажуваат дека омега 3 масните киселини го чуваат срцето. Тие го намалуваат и крвниот притисок и ги штитат артериите, а дополнително штитат од аритмија и срцеви удари.

Подобрено варење на храната

Ако се мачите со подуеност, гасови и лошо варење на храната, омега 3 масните киселини може да се решение за вашите проблеми. 

Подобрување на симптомите кај шизофренија

Одредени истражувања покажуваат дека омега 3 масните киселини придонесуваат за подобрување на симптомите кај луѓето кои страдаат од ова заболување.

Помагаат кај депресија

Истражувањата докажуваат дека омега 3 масните киселини имаат значајна улога во одржувањето на добро ментално здравје и спречувањето депресија. Тие го подобруваат расположението и помагаат кај лошо расположение, намален фокус, намалено либидо, замор и проблеми со спиењето. 

Намален ризик од рак

Научниците истакнуваат дека редовното земање на суплементи од овие здрави масти го намалуваат ризикот од рак на простата, дојката и тн. 

Намален ризик од остеопороза

Според научниците, омега 3 масните киселини ја подобруваат апсорпцијата на калциум кој ги чува коските, а со тоа придонесуваат и за зачувување на нивното здравје. 

Подобра кожа

Омега 3 масните киселини се одлични за луѓето кои страдаат од егзема, псоријаза и акни. Дури и да верувате дека имате совршена кожа, тие придонесуваат за подобрување на клетките на кожата и и даваат здрав и младешки лик.