Зошто ни е толку тешко да останеме среќни?

Во 90-тите години на 20 век, психологот Мартин Селиган го предводел движењето за позитивна психологија, која го ставила проучувањето на човечката среќа во центарот на психолошкото истражување и теорија. Ова движење само го продолжило трендот кој започнал во 60-тите години на 20-ти век, кој ја истакнувал важноста на тоа човек да го постигне својот внатрешен потенцијал и да ја создаде смислата на својот живот.

Оттогаш, илјадници истражувања и стотици книги биле објавени со цел да се подгине благосостојбата и да им помогне на луѓето да водат позадоволителни животи.

Тогаш, зошто не сме посреќни? Зошто нашите сопствени мерки за среќа стагнираат 40 години?

Иронично, нашите обиди да ја зголемиме нашата среќата можеби се само залудни обиди, затоа што изгледа дека сме програмирани да бидеме незадоволни поголемиот дел од времето.

Не можете да имате се

Дел од проблемот е тоа што среќата не е само една работа.

Во нејзината книга „Митотот за среќата“, Џенифер Хект, филозофка која ја проучува историјата на среќата, вели дека сите искусуваме различни видови среќа, но дека тие не се секогаш поврзани едни со други. Некои видови среќа дури можат да бидат во спротивност едни со други. Со други зборови, ако имаме премногу од еден тип на среќа, тоа значи дека тоа може да ја поткопа нашата способност да имаме доволно од другите типови, па затоа е невозможно да симултано да ги имаме сите типови среќа во големи количини.

На пример, среќниот живот изграден врз успешна кариера и добар брак е нешто што избледнува со текот на времето. Треба многу труд и често бара избегнување на одредени хедонистички задоволства како забавување или одење на авантури. Исто така значи дека не можете многу да поминувате мрзливи денови или дружење со пријателите. Од друга страна,  ако се држите строго до тоа, тогаш се откажувате од многу животни задоволства. Опуштените денови и пријателствата можат да бидат запоставени.

Како што се зголемува среќата во едно поле од животот, така најчесто се намалува среќата во друго поле од животот.

Розево минато, иднина полна со потенцијал

Оваа дилема е подлабоко всадена од начинот на кој нашите мозоци го процесираат нашето искуство со среќата. Земете ги предвид следните примери:

Сите ние сме почнале реченица со фразата „Колку би било добро кога...“. Слично на тоа, често слушаме постари луѓе како викаат: „Нели беше супер порано кога...“

Но, колку ретко слушаме нешто во стилот на „Нели е се супер, баш сега?“

Секако, нашето минато и иднина не се секогаш подобри од нашата сегашност, а сепак продолжуваме да мислиме дека тоа е така.

Ова се тули кои често ја туркаат суровата реалност од делот на нашиот мозок кој мисли на минатата и идната среќа. Постои и доказ за тоа зошто нашите мозоци функционираат така. Повеќето од нас поседуваат нешто што се вика „оптимистичка предрасуда“, односно уверување дека иднината ќе биде подобра од нашата иднина.

Когнитивните психолози исто така имаат идентификувано нешто наречено „Принципот на Полијана“. Тоа значи дека ние ги процесираме, вежбаме и ги паметиме пријатните информации од минатото повеќе од непријатните информации. Исклучоци се луѓето во депресија кои често се фиксираат на минати неуспеси и разочарувања. За повеќето од нас, причината поради која „добрите стари денови“ изгледаат толку добро е поради тоа што се фокусираме на убавите работи и имаме тенденција да ги забораваме неубавите работи. Нашите спомени за минатото обично се изобличени и ги гледаме низ розеви очила.

Себезалажување или еволуциска предност?

Овие залажувања за минатото и иднината можат да бидат составен дел од човечката психа со невисни себезалажувања кои ни помагаат да продолжиме да се движиме. Ако нашето минато е прекрасно, а нашата иднина уште подобра, тогаш можеме да се извлечеме од непријатната и матна сегашност.

Се ова кажува по нешто за минливата природата на среќата. Истражувачите долго знаат за она што тие го нарекуваат хедонистичка мелница. Работиме напорно за да ја постигнеме целта, очекувајќи ја среќата којашто тоа треба да ја донесе. За жал, откако ќе ја добиеме кратката доза, брзо се враќаме во нормала и почннуваме да ја бркаме следната работа која веруваме дека ќе не направи многу среќни.

Како и да е, истражувањата на добитници на лото и други луѓе кои изгледаат дека имаат се фрлаат сенка на сонот дека ќе бидеме посреќни ако го добиеме тоа што го сакаме. Овие истражувања покажуваа дека позитивните настани како добивање милион долари и несреќни настани како парализирање немаат значителен ефект на долгорочната среќа на човекот.

Асистентите кои сонуваат да бидат професори и адвокатите кои сонуваат да станатт професори често се прашуваат зошто толку брзале. Откако ја издадов книгата мојот став брзо премина од „Јас сум човекот што напиша книга!“ до „Јас сум човекот што има напишано само една книга.“

Но, ова треба да биде така, барем од еволутивна перспектива. Незадоволството од сегашноста и соништата за иднината се она што не држи мотивирани, додека топлите спомени од минатото ни даваат осигурување дека чувствата коишто ги бараме можат да бидат најдени. Постојаната среќа комплетно би ни ја поткопала нашата волја да постигнеме што и да било – помеѓу нашите најдалечни предци, тие што биле совршено задоволни, најверојатно останале во  прашината.

Ова не треба да ве депресира, напротив. Препознавањето дека среќата постои и дека тоа е прекрасен посетител кој никогаш не останува повеќе од потребното, може да ни помогне да ја цениме уште повеќе кога ќе дојде.

Понатаму, разбирањето дека е невозможно да имаме среќа во целите животни полиња може да ви помогне да уживате во среќата која ве допрела.

И препознавањето дека никој нема се може да ја намали една од најголемите психолошки бариери кои ја спречуваат среќата – зависта.