Зошто некои луѓе имаат проблем со донесување одлуки?

Канадските истражувачи пронајдоа заеднички поттикнувач на стрес при процесот на донесување одлуки кај некои луѓе и му дадоа име: Страв од подобар избор.

Психолозите Џефри Хјус и Ебигејл Шулер биле љубопитни за типот на луѓе кои експертите ги нарекуваат „максимализатори“ – луѓе кои истражуваат и размислуваат за секој можен избор пред да донесат одлука.

Хјус вели: „Генералната умствена состојба на овие луѓе оди во следнава насока: „Не сакам да направам ништо се додека не дознаам која е вистинската работа која треба да ја направам.“

Овие двајца психолози направиле две различни истражувања со надеж дека ќе ги сфатат подобро овие луѓе.

Постојат два вида максимализатори: „Максимализатори фокусирани на унапредување“ и „Максимализатори фокусирани на проценка“. Оние фокусирани на истражување ја носат одлуката врз основа на тоа дали ќе им донесе индивидуална добивка, без оглед на тоа дали се работи за финансискиот или општествениот статус. Овие луѓе лесно можат да направат пресметка и да донесат одлука. Оние фокусирани на проценката, имаат проблеми да отфрлат некој избор и често се опседнуваат со изборите кои првично ги отфрлиле.

Тие сфатиле дека стратегијата има и позитивни и негативни страни. Овој тип на максимализатори прават подетално размислени одлуки од повеќето луѓе, но од друга страна може да ги води луѓето до состојба каде тие постојано ќе оценуваат и ќе проценуваат без да носат каква било одлука.

Наместо да бираат од изборите кои веќе добро ги истражиле, овие луѓе постојано ќе додаваат и ќе истражуваат нови избори, уште повеќе пролонгирајќи го процесот на донесување одлуки.
Тие можеби ќе отфрлат некои опции, потоа ќе го сменат мислењето, па ќе додадат сомнеж, фрустрација и каење во целата равенка. Овој тип на блокирање на носење одлуки може да лошо да се одрази врз благосостојбата на поединецот.

Иако Хјус и Шулер се уште треба да ги тестираат најдобрите решенија, Хјус верува дека најдобрата работа која можат да ја направат максимализаторите е да препознаат дека претераното анализирање е непријател на задоволителните заклучоци и едноставно да се тераат себеси да ги отфрлат опциите кои веќе ги отфлиле. Тој вели: „Обидете се да им верувате на вашите инстинкти кога разгледувате некој избор и мислите дека не е добар за вас.“

Границите исто така ни помагаат да не паднеме во дупката на онлајн препораки и листи за и листи против. Се се врти околу тоа да го цените вашето време и енергија.

Хјус препорачува: „Кажете си себеси: „30 минути ќе ги истражувам билетите и тоа е тоа, ќе ја најдам најдобрата и ќе продолжам понатаму“. Вашето време исто така има вредност, па зошто да не го поминете тоа време на одлуки кои се најважни за вас.“