Зошто не смеете да губите време?

Изгубеното злато може да се пронајде, но изгубеното време – никогаш.“ – кинеска поговорка

Колку пати нешто сте одложувалте, правдајќи се дека не е итно и дека има време? Е па оваа приказна е за вас!

Не губете ни миг, затоа што времето е единственото нешто што никогаш не можете да го вратите. Секој момент е скапоцен, а Џон Максвел објаснува и зошто:

„За да ја сознаете вредноста на една година, прашајте го студентот кој не успеал да ги положи испитите.

За да ја сознаете вредноста на еден месец, прашајте го прерано роденото дете.

За да ја сознаете вредноста на една недела, прашајте го уредникот на еден неделник. 

За да ја сознаете вредноста на еден ден, прашајте го работникот со шест деца.

За ја сознаете вредноста на еден час, прашајте ги љубовниците кои чекаат да се сретнат. 

За да ја сознаете вредноста на една минута, прашајте ја личноста која го пропуштила авионот.

За да ја сознаете вредноста на една секунда, прашајте ја личноста која преживеала несреќа. 

За да ја сознаете вредноста на една милисекунда, прашајте го добитникот на сребрен медал на Олимпијада.“