Зошто не е добро постојано да ги штитите своите деца?

Не сакате вашето дете да биде несигурно и анксиозно. Напротив, како и секој добар родител сакате да биде задоволно, среќно и безбедно.

Постојано одите околу него, се трудите се да биде добро, ги пробувате сите начини, не дозволувате ништо лошо да не му се случи. Но, не знаете дека претераната грижа и заштита на долг рок не му носи ништо добро на вашето дете.

Како и незаинтересираноста за децата, така и претераната заштита може да создаде многу проблеми. Детето може да стане несигурно. Затоа, треба да се обидете да најдете рамнотежа меѓу двете крајности.

Што треба да направите?

Најдобриот совет кој би сакале да ви го дадеме е тоа да набљудувате што му се случува на вашето дете. Да не реагирате на сите ситуации, да го оставите самото да се снајде во некои ситуации и да реагирате и го заштитите, кога тоа навистина е потребно.

 Вашиот постојан обид да ги заштитите своите деца до нив испраќа дека светот не е безбедно место за живеење. И веројатно е така, бидејќи вие знаете подобро од нив, но не можете вечно да ги држите своите деца под стаклено ѕвоно. Тие треба еден ден да пораснат и да бидат независни и свои личности.

Бидете внимателни околу своето дете, но не го штитете постојано, не чувствувајте грижа на совест за нешто што не зависи од вас и знајте дека што и да правите, додека расте детето, тоа ќе се најде во милион различни ситуации, каде немате да бидете присутни вие.

Кога тоа ќе падне покрај вас, треба да знаете дека неговиот плач ќе биде погласен колку вие погласно и побурно реагирате. Затоа, останете смирени покрај нив. Родителите кои не паничат и не му довикуваат на своето дете, туку даваат мала поддршка, правејќи се како тоа да не е ништо огромно, ги ослободуваат децата од чувството на страв и паника. Така, детето плаче кога вистински го боли, но не и секогаш за да привлече внимание. Паѓањето на детето, освен кога е страшно е дел од неговото детство.

Со постојаното штитење на детето му ја одземате можноста да заземе исправен став во тешки ситуации, во кои ќе се чувствува изгубено, несигурно. Презаштитетените деца го чувствуваат светот како страшно и опасно место, бидејќи гледаат дека некој постојано се грижи за нив, не поттикнувајќи ги самите да се соочат со тешкотиите.

Запаметете дека колку и да сакате да ги заштитите своите деца, сепак светот ќе им донесе различни ситуации со кои ќе мораат да се справат. Затоа, наместо да паничите и врескате, научете ги како да го направат тоа.